Володимир Зеленски и Рафаел Гроси
Володимир Зеленски и Рафаел Гроси / 30 август 2022 / Фото: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Зеленски се сретна со експертите на МААЕ што утре треба да ја посетат нуклеарната централа „Запорожје”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев ги прими експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) што треба да ја посетат нуклеарната централа „Запорожје“.

Зеленски притоа истакна дека мисијата на МААЕ во Украина е едно од најважните безбедносни прашања за земјата, но и за целиот свет.

Тој повика на демилитаризација на нуклеарната постројка во јужниот дел на Украина што моментално е под контрола на руските трупи. Зеленски смета дека околу комплексот треба да биде воспоставена демилитаризирана зона, а централата да биде повторно вратена под украинска управа, како единствен начин за анулирање на безбедносните ризици.

Фото: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Четиринаесетчлената делегација меѓународни експерти, предводена од шефот на МААЕ Рафаел Гроси, утре е предвидено да ја минат линијата на фронтот и да извршат проверка на состојбата на нуклеарните капацитети „Запорожје“.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранитирање на позиции во непосредна близина на најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори за производство на електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот