
Зеленски: Русија најави дека утре ќе нѐ бомбардира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се обрати на нацијата вечерва преку социјалните мрежи. Тој рече дека Русија утре ќе ја бомбардира Украина и повторно го критикуваше Западот дека санкциите не се доволни.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Русија најави дека утре ќе ја бомбардира нашата одбранбена индустрија. Повеќето од фабриките се во нашите градови, а цивилите се во близина. Тоа е убиство, едноставно убиство. И не видов денеска ниту еден светски лидер или некој западен политичар да реагира на тоа.
„Размислете за чувството на неказнивост што окупаторите треба однапред да ги објават своите ѕверства! Сето тоа затоа што нема реакција. Ниту збор. Како сите западни лидери да си заминаа денес. Се надевам дека ќе го забележите тоа барем утре и ќе реагирате на тоа “, рече тој во неговото обраќање.
„Дрскоста на агресорите е јасен сигнал до Западот дека воведените санкции не се доволни. Не можете да се скриете од оваа реалност. Не можете да се скриете од новите убиства во Украина“, рече Зеленски.
Тој вели дека четиричлено семејство денеска било убиено во еден украински град.
„Во Ирпин денеска загина четиричлено семејство, родители и две деца, додека се обидуваа да го напуштат градот. Нема да простиме. Нема да заборавиме. Ќе ги казниме сите што направија злосторства во оваа војна. Ќе го најдеме секое ѓубре што ги гранатираше нашите градови, нашите луѓе, оние кои испукаа проектили, кои даваа наредби“, вели Зеленски.
„Нема да имате мирно место на оваа земја – освен гробот“, заклучи тој.
Зеленски ја додели почесната титула Град херој на градовите Харков, Чернихив, Мариупол, Керсон, Хостомел и Волноваха. Тоа е упатување на советската традиција: 12 градови на Советскиот Сојуз ја добија оваа титула по Втората светска војна.