Володимир Зеленски EPA-EFE/STRINGER

Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка по војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил подготвен да поднесе оставка по завршувањето на војната, но дека Украина продолжува да реагира на руските напади, објави Аксиос.

Во интервју за Аксиос, кое го даде на Менхетен непосредно пред да го напушти Генералното собрание на ОН и да се врати во Киев, Зеленски рече дека има експлицитна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за употреба на целни напади врз руските енергетски објекти и фабрики за оружје, доколку Украина добие дополнително оружје со долг дострел.

Тој нагласи дека Украина нема да бомбардира цивили, но дека претставниците на Кремљ „треба да знаат каде се засолништата за бомби“ во случај на продолжување на војната.
Зеленски, исто така, го критикуваше самитот минатиот месец меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, велејќи дека рускиот претседател „доби она што го сакаше“, додека Украина сè уште бара нови системи за оружје што би можеле да го забрзаат крајот на конфликтот.

Претседателот на Украина додаде дека за време на средбата со Трамп во вторник во Њујорк, тој ја нагласил потребата од специјален систем за оружје, кој, како што рече, ќе служи пред сè како притисок врз Путин да седне на преговарачка маса.

Зеленски рече дека ќе го именува системот кога „камерите ќе бидат исклучени“, додавајќи дека Трамп му рекол: „Ќе работиме на тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот