Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Зеленски изрази незадоволство од светските лидери

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази незадоволство што Русија, како што рече, сè уште не се соочила со „остра реакција од светските лидери“ за своите постапки.

„Има повеќе од доволно изјави, но сè уште нема доволно акции. Русите ги тестираат границите на можното. Тие ја тестираат реакцијата. Тие внимателно следат како функционираат вооружените сили на НАТО, што можат да направат и што не можат да направат сè уште“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој потсети дека во Белорусија започнаа заеднички воени вежби со Русија, оценувајќи дека тие би можеле да бидат дел од „план за подготовка“. Сепак, не прецизираше на што точно мислеше.

Еден ден претходно, украинскиот претседател ја обвини Москва за нарушување на полскиот воздушен простор, нарекувајќи го тоа „ново ниво на ескалација“ и „исклучително опасен преседан за Европа“.

Според него, ова е „уште една рунда на ескалација“ во која руските објекти дејствувале во „воздушниот простор на НАТО“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот