Владимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ / POOL

Зеленски бара оружје и муниција но и мировна мисија на ОН во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара поддршка од ЕУ за мировната мисија на ОН во неговата земја додека Унијата одржува итен самит во Брисел.

Зеленски ова го напиша во порака на својот профил на мрежата Телеграм.

Тој повтори и други повици како што се исклучување на Русија од платежната мрежа SWIFT и ембарго против руската нафта и гас.

– Помогнете ѝ на армијата со оружје и муниција, поддржете мировна мисија на ОН!, напиша тој.

– Нашиот народ гине за слободата на Украина и Европа. Долго чекавме на отворената врата. Прашавме за членство во НАТО – не слушнав одговор. Сега ни требаат меѓународни правни гаранции за безбедност, јасна европска перспектива и брза и конкретна акција, напиша Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот