Хорст Зехофер
Хорст Зехофер / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON / POOL

Зехофер: Се заканува нов бегалски бран, на ЕУ и е потребна заедничка миграциска стратегија

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, вчера предупреди на нов голем бегалски и миграциски бран кон Европа во време кога илјадници бегалци од Авганистан и Блискиот Исток се обидуваат илегално да влезат преку источната граница на ЕУ со Белорусија, јави Анадолија.

-Пред два дена, за првпат по многу години, имавме повеќе од 1.000 имигранти дневно. Ако го помножите тоа со бројот на денови во еден месец, ќе сфатите дека има итна потреба да се дејствува, изјави Зехофер за „Билд ТВ” .

Тој повика на усвојување заедничка миграциска стратегија на ЕУ за справување со растечката бегалска и мигрантска криза.

-Решението на миграцискиот проблем ќе биде остварливо само преку ЕУ, рече германскиот министер.

Германија ги засили граничните патроли со Полска, распоредувајќи 800 полицајци за да ги спречи мигрантите да влезат во ЕУ од Белорусија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Со недели наназад луѓе од Ирак, Сирија, Иран и Авганистан, наводно, доаѓаат во Германија од Полска, во која влегле од Белорусија, и успеале да стигнат до територијата на ЕУ.

Турската агенција посочува дека Германија се уште се бори со последиците од политиката на отворени врати од 2015 година, кога дозволи во земјата да влезат стотици илјади бегалци и мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!