Клинички центар
Влез во Клинички центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Здравствените установи ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Здравствените уставнови ќе работат без прекин за време на 30. министерски состанок на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје од 29 ноември до 1 декември.

Од Министерството за здравство информираат дека здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението.

Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети. Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување – се вели во соопштението.

Владата донесе одлука 30 ноември да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје, додека на 29 ноември работното време ќе биде до 12 часот поради одржувањето на Самитот на ОБСЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот