Фото: Unsplash

Здравствените работници ќе добијат повисоки плати овој месец

Платите на здравствените работници овој месец ќе се зголемат за десет проценти согласно коефициентите, а веќе следната година во март ќе има зголемување од пет проценти.

Ова беше најавено по состанокот на двата репрезентативни синдикати на здравствените работници во Македонија и премиерот Христијан Мицкоски.

– Веќе следната година во март месец ќе имаме дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, следната година 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа – најави Мицкоски.

Истото тоа зголемување од 5 до 7 процени на паричната маса, тој најави дека ќе се оствари и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година.

– Или кога ќе го земете целиот овој период во низа добиваме зголемување на паричната маса потреба за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти. Навистина нешто коешто претставува историско и јас очекувам дека во текот на следните денови, повторно и од Министерството за здравство и од Фондот ќе излезат со нови позитивни пораки за здравствените работници и со тоа го заокружуваме тој циклус – додаде Мицкоски по средбата со синдикатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот