Киро Здравев

Здравев: Обезбедување и гарантирање на самостојноста и независноста на судската власт е наша заедничка цел

 По повод Денот на судството, претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Киро Здравев денеска упати честитка до судиите, судските службеници и сите вработени во судската власт, посакувајќи им добро здравје и успех во понатамошната работа.

Во честитката Здравев им се заблагодарува на судиите, судските службеници и сите вработени во судската власт кои, како што вели, останаа истрајни во овие тешки денови за граѓаните на нашата држава и за човештвото во целина и покажаа дека може да одговорат на секој предизвик.

-Нашата заедничка цел е „Обезбедување и гарантирање на самостојноста и независноста на судската власт” преку непристрасно применување на правото, неселективна правда, заштита на човековите права и основни слободи, еднаквост, рамноправност, недискриминација по кој било основи и обезбедување на правна сигурност врз основа на владеење на правото, стои во честитката која ја упати Здравев во свое лично име и во име на од членовите на Судскиот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот