Полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Заврши увидот по крвавото злосторство во Велес – телата на тројцата починати се на обдукција

Доцна вечерва заврши увидот на јавен обвинител и екипа на полицијата на местото на кое е извршено ужасното злосторство во Велес, каде 39-годишен скопјанец ги уби поранешната девојка и нејзиниот татко, по што си го одзеде животот. Телата на тројцата починати во трагедијата која се случи попладнево се испратени на обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје.

Убиецот со нож ги уби 31-годишната жена и нејзиниот 74-годишен татко, по што се самоуби во куќата во која го изврши злосторството.

Јавниот обвинител од ОЈО-Велес, Цветанка Богоевска, за МИА изјави дека увидот завршил.

„Извршив увид на местото на настанот заедно со екипа на СВР Велес. Подигнати се траги, а телата на починатите се пратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Материјалните траги кои се пронајдени на местото ќе бидат испратени на вештачење. Во текот на увидот, направени се и фотографии и од настанот ќе биде направен детален извештај“, рече Богоевска.

Таа најави дека утре ОЈО ќе објави целосно соопштение за настанот и дека предмети ќе има и во други обвинителства.

Како што претходно информира портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, на улица во градот била пронајдена жената, која давала знаци на живот, но лекарите во велешката болница не успеале на местото на настанот излегле полициски службеници и констатираале дека се работи за 31 годишната Р.К. од Велес, која од Итна медицинска помош била пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и 68 годишниот К.К , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и 39 годишниот И.С. од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт,појасни Ѓаковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот