epa09244680 Ashleigh Barty of Australia reacts after giving up due to injury during the 2nd round match against Magda Linette of Poland at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 03 June 2021. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Заврши „Ролан Гарос“ за најдобрата тенисерка на светот

Поради повреда Ешли Барти беше принудена многу рано да го заврши настапот на грен слем турнирот во Париз, „Ролан Гарос“.

Австралијката и воедно прва тенисерка на светот при резултат 1:6 и 2:2 денеска го предаде мечот од второто коло против Магда Линет од Полска.

Во другите мечеви во женска конкуренција, петтата носителка Елина Свитолина од Украина со 6:0 и 6:4 за еден час и 15 минути игра ја елиминираше Ен Ли од САД.

Изненадување приреди Американката Слоан Стивенс која ја совлада чешката натпреварувачка и деветта носителка Каролина Плишкова со 7:5 и 6:1. Успешни беа уште Костјук, Мухова, Пегула, Џабир, Кенин, Крејчикова, Грачева и Сакари.

Имаше две изненадувања и кај мажите, Швеѓанецот Микаел Имер кој е 105 на АТП листата со 3:1 по сетови 6:0, 2:6, 6:4 и 6:3 триумфираше над 14 носител Гаел Монфис од Франција.

Настапот го заврши и Русинот Аслан Карацев (24 носител) кој со 6:3, 7:6 (4), 4:6 и 6:1 беше поразен од Германецот Филип Колшрајбер (АТП, 132). Победи забележаа уште Квон Соонвоо, Шварцман и Мусети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!