Чери куп Скопје 2023 / Фото Чери Спорт

Заврши првиот дел од годинешниот Чери Куп Скопје

Во периодот од 6 од 11 септември на терените на спортскиот центар во склоп на хотелот Александар Палас во Скопје се одржа првиот дел од годинешниот Чери Куп Скопје во организација на Чери Спорт од Скопје.

„Сите уживаа во во преубавата атмосфера и квалитетниот и возбудлив тенис кој ни го овозможија малите играчи“ велат организаторите.

На У14 турнирот за девојчиња победничка беше Даница Марјановиќ, втора беше Деа Крстевска, додека третото место го поделија Ина Калина Китановска и Надја Бежоска. Кај момчињата до 14 години, победник беше Марин Стефановски, второ место освои Марко Аврамовски, а третото го поделија Иван Трпковски и Матија Стојановиќ. Во Б турнирот за момчиња до 14 години првото место го освои Марко Божиновски, додека втор беше Константин Богдановиќ.

Во натпреварувањето за момчиња до 13 години, првото место му припадна на Радован Петровиќ, втор беше Иван Трпковски, а третото место го поделија Алексеј Стојановски и Марин Стефановски. Во Б турнирот од истата категорија, победник на турнирот беше Марко Дебрешлиоски, а второ место беше Марко Божиновски.

Во У13 и У14 дубл натпреварите, Радован Петровиќ и Алексеј Стојановски успеаја да се изборат за првото место. Втори беа Марко и Стефан Дебрешлиоски, а третото место го поделија Марко и Горјан Аврамовски и Ина Калина Китановски и Надја Бежоска.

Во турнирот за момчиња до 12 години, победник беше Иван Трпковски, додека второто место му припадна на Алексеј Стојановски. Третото место го поделија Константин Богдановиќ и Тан Кјазим.

Максим Дојчинов беше победник на турнирот за момчиња од 11 години, второ место беше Калин Шолјаковски. Третото место му припадна на Олег Мирчевски, додека четврт заврши Томи Јакимовски.

Во У11 и У12 дубл натпреварите, Максим Дојчинов и Олег Мирчевски завршија како победници, второто место го освоија Калин Шолјаковски и Константин Богдановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!