Затворот во Идризово, Фото: МИА

Затворски полицаец се обидел да шверцува дрога во „Идризово“

Вчера во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на четириесет и двегодишниот Х.А. од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога.

-Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја, појаснуваат од МВР.

Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот