Затвор во Штип/Фото: МИА

Затвореник не го давал телефонот во штипскиот затвор, расекол службеник со стаклен предмет

43-годишен затвореник од штипскиот затвор бил фатен со телефон, а откако му наредиле да го предаде, им се заканувал на тројца службеници од затворот, а еден од нив и го повредил со стаклен предмет, соопшти МВР.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против Ж.Ж.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 19.03.2025 во Казнено – поправната установа Затвор Штип, три службени лица од установата го затекнале пријавениот со мобилен телефон, кој по усната наредба да го предаде телефонот, упатувал закани кон тројцата, а на еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот