гардероба секој ден
Фото: Профимедиа

Затворен хрватски синџир на продавници: „Фортенова“ им ги сменила бравите!

Познат синџир на продавници за облека во Хрватска е затворен поради заостанати кирии. „Фортенова“, чии простории ги закупува синџирот, ги сменила бравите, дознава репортерката на Телеграм, Силвана Менѓушиќ, објави Даница.хр.

Мида Модијана со години не плаќал кирија или комунални трошоци за просториите во кои се изнајмени, не само во Хрватска, но и во Словенија и Србија. Според информациите на „Фортенова“ долгот се искачил на неколку милиони евра.

„Причината е долгогодишното континуирано неисполнување на договорните обврски од страна на закупецот Модијана кон компаниите кои работат во рамките на групацијата Фортенова – Конзума плус во Хрватска, Меркатор во Словенија и Србија. По неуспешен обид за подмирување на долгот, донесена е деловна одлука на ниво на целата групација Фортенова за раскинување на договорот за закуп и активирање на договорната опција за враќање во владение на деловниот простор“, одговараат на барањето на Телеграм од „Фортенова“.

„Станува збор за вкупно 25 локации на територијата на Словенија, Србија и Хрватска кои се предмет на договорен однос, а компаниите однапред го известиле закупецот за нивните планирани дејствија“, наведуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!