Фото: Принтскрин/Твитер

Заслужена пауза: Преморени чувари на ковчегот на кралицата фотографирани на пауза

Чуварите на ковчегот на кралицата Елизабета Втора беа фотографирани како прават пауза за време на нивната шестчасовна смена.

На фотографиите од зад кулисите се гледа дел од кралската гарда кои одмараат за време на една од нивните 20-минутни паузи во смена, а беа објавени на твитер-профилот на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство со натпис во кој се вели дека вооружените сили на Обединетото Кралство продолжуваат да ѝ оддават почит на нивната врховна командантка која владееше 70 години.

Уморни чувари

Припадниците на Кралската града се познати како церемонијални чувари на Кралската палата и на Лондонската кула, а деновиве заедно со другите членови на кралските телохранители и чувари се на посебна и важна задача да го чуваат ковчегот на кралицата Елизабета Втора.

Стражарите го чувале ковчегот на кралицата 24 часа на ден во текот на четири и пол дена додека кралицата лежеше во мирување, а нивната задача била да стојат во место шест часа со дваесет минути пауза. Густиот распоред и кратките паузи се причината поради која еден од чуварите падна во несвест за време на утринската стража на 15 септември, а видеото набрзо стана вирално.

Ви благодариме за добро завршената работа

Објавата на преморените чувари собра повеќе од 7,2 илјади лајкови и над илјада ретвитови за помалку од 24 часа. Многу корисници на „Твитер“ ја пофалија работата што ја завршија свечените чувари.

„Ви благодариме за вашата служба. Мислиме на вас“, „Неверојатно искуство овозможено од овие неверојатни луѓе. Ви благодарам што ми дозволивте да се збогувам со мојата сакана кралица“. „Почит кон секој од вас, земјата ќе биде многу горда на вашата служба за кралицата и земјата! Капа доле за сите вас, прекрасни луѓе, почитта што ја имате кон кралицата и земјата е неверојатна“, се дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот