EPA-EFE/RONALD WITTEK

Зашто навивачите во Бундеслигата го мразат газдата на Хокенхајм?

Дитмар Хоп видендов беше мета на навивачите на останатите бундеслигашки екипи.

Сопственикот на Хокенхајм вчера беше навредуван од навивачите на Баерн Минхен кои извикуваа погрдни зборови, а притоа и покажаа транспарент на кој пишуваше дека Хоп е „ку**ин син“.

Денеска свој перформанс против Хоп имаа и навивачите на Унион Берлин. А против него се и навивачите на Келн, Борусија Дортмунд и на уште неколку „германски“ екипи.

 

Претставниците односно навивачите на „традиционалните“ германски екипи како непријатели имаат два клуба, Хокенхајм и Лајпциг.

Дитмар Хоп е германски милијардер, основач на компанијата за софтвер САП, а во фудбалот влезе на почетокот од овој век кога го презема Хокенхајм кој тогаш се натпреваруваше во регионалната германска лига.

Тој вложи 350 милиони сопствени пари во екипата и дополнителни 100 милиони за изградба на нов стадион, а екипата од 2008 година е редовен учесник во Бундеслигата, додека пред две години за прв пат настапи и во Лигата на шампионите.

Причината поради која навивачите од повеќето бундеслигашки екипи се против Хоп и неговиот Хокенхајм, е поради тоа што неговиот тим е само еден од четирите екипи на кои Германската фудбалска федерација (ДФБ) им овозможи да го заобиколат правилото „50+1 процент“.

Тоа правило значи дека клубот не може да биде во сопственост на едно лице или групација, и тој еден процент мора да го имаат навивачите и членовите на клубот со што се спречува богатите инвеститори да преземат контрола врз екипите и да прават што сакаат.

ДФБ дозволува исклучок од ова правило само доколку сопствениците покажат дека ќе ја почитуваат традицијата и нема да ја менуваат клупската политика.

Екипи како Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Хамбургер, Штутгарт, Келн, Борусија Менхенгладбах го почитуваат тоа правило, а исклучок се само екипите на Волфсбург, Баер Леверкузен, Хокенхајм и Лајпциг.

Волфсбург е во сопственост на автомобилскиот гигант Волксваген, Баер Леверкузен од пат капата на истоимениот фармацевски гигант, додека Лајпциг е под контрола на Ред Бул.

Поради традицијата на гигантите Баер и Волксваген, екипите на Леверкузен и на Волфсбург не се омразени во Германија, но навивачите сметаат дека Лајпциг и Хокенхајм се вештачки клубови и затоа ја немаат поддршката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот