Жаир Болсонаро / Фото EPA-EFE/Andre Borges

Започна судењето на Болсонаро, Трамп го брани со царини и санкции против Бразил

Пред Врховниот суд на Бразил денеска започна судењето на поранешниот претседател Жаир Болсонаро и уште седуммина обвинети за наводен заговор за државен удар по поразот на претседателските избори во 2022 година. Судењето ќе се одвива на осум рочишта со телевизиски пренос, а конечната одлука се очекува до 12 септември.

Ова е првпат во историјата на земјата толку високи политички личности да бидат изведени пред суд за обид за поткопување на демократијата, објави Гардијан. Од 1889 година, кога Бразил стана република, земјата претрпе повеќе од 10 обиди за државен удар.

Болсонаро, кој е во домашен притвор од почетокот на август поради прекршување на судска забрана за користење социјални мрежи, негира вина. Во недела, на Денот на независноста на Бразил, неговите поддржувачи најавија масовни собири низ поголемите градови со барање за негово ослободување.

Во пресрет на судењето, американскиот претседател Доналд Трамп го нарече процесот „лов на вештерки“ и воведе 50 проценти царини за Бразил. Дополнително, тој го санкционираше судијата Александар де Мораес, кој го води случајот, како и други судии и владини претставници, на кои им беа одземени американските визи.

Синот на поранешниот претседател, конгресменот Едуардо Болсонаро, во меѓувреме отпатува во САД за да лобира кај администрацијата на Трамп во одбрана на својот татко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!