карпош зграда/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Започна продажба на станови во 17-катницата во Карпош, од Општината и натаму молчат

Кула Рубик, новата икона на градскиот пејзаж. Зградата со мешовита употреба се наоѓа во Општина Карпош, на улица Никола Русински 1А. Зградата го поврзува булевар 8 Септември и булевар Партизански Одреди. Во непосредна близина на зградата се: Клиника Жан Митрев, Градска болница 8-ми Септември, Поликлиника Букурешт, градинки, основни училишта. Локацијата на зградата ви нуди директна поврзаност со сè што е потребно за да живеете модерен живот.

Ова е објавата на градежната компанија „ЗСФ Ком“ на Фејсбук, преку која инвеститорот на 17-катницата која започна да се гради зад бензиската на „Макпетрол“ во Карпош, на заинтересираните граѓани им нуди на продажба станови.

Како што е познато, спорната зграда се гради во заштитено подрачје на споменикот Воена болница и пред две недели Конзерваторски центар го поништи конзерваторското мислење кое е задолжителен документ за добивање градежна дозвола.

Конзерваторски центар го поништи позитивното мислење за кулата во Карпош, на потег е Општината

Оттогаш до денеска од Општина Карпош нема одговор дали ќе биде поништена градежната дозвола, дали ќе се бара ново конзерваторско мислење и дали веќе е поднесена жалба на решението на Конзерваторски центар.

Зградата и понатаму непречено се гради и покрај реакциите и протестите на граѓаните и граѓанските организации. Започна и продажбата на становите во неа. Секој понатамошен потег се чини ќе биде сериозно задоцнет и сериозно ќе се одрази на општинската каса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот