Фото: РЕК Битола

Започна мини ремонтот на Блок 2 во РЕК Битола

Во РЕК Битола започнаа активностите за нега и санација на Блок 2. Како што информираат од компанијата, мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели, период во кој се планирани повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот.

Блок 2 до исклучувањето синоќа во 2:00 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 мегават часови електрична енергија што претставува рекорд во последните осум години. Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка, велат од РЕК Битола.

Нагласуваат дека во АД ЕСМ согласно планот за производство продолжуваат со работа сите останати капацитети и додаваат дека потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот