Фото Општина Кисела Вода

Започна есенската дератизација во Кисела Вода, ќе се чистат повеќе од 2100 шахти

Општина Кисела Вода ја започна редовната есенска дератизација, дезинсекција и дезинфекција на над 2100 шахти на територијата на целата општина која ги опфаќа сите урбани и местни заедници.

Оваа редовна акција има за цел да ги уништи штетните глодари, но се врши и како превенција од заразни болести. Во рамки на оваа есенско чистење, со дезинфекција ќе се опфатат и сите градинки и основни училишта во Кисела Вода – информираат од Кисела Вода.

Оттаму ги известуваат жителите дека процесот на оваа есенска акција се врши исклучиво со препарат од сертифициран производител кој има за цел да ја намали популацијата на глодарите, издаден со одобрение од Министерството за здравство на Република Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!