Илустрација

Заменик-командантот на руската морнарица е убиен во Курската област

Заменик-врховниот командант на руската морнарица, поранешен командант на 155-та Одделна гардиска бригада, Михаил Гудков, е убиен во Курската област, објави гувернерот на Приморје, Олег Кожемјако.

„Гудков е убиен додека ја извршувал својата должност како офицер заедно со своите другари“, рече тој, според рускиот портал Медуза.

Меѓу другите загинати, гувернерот на Приморје го именуваше офицерот Нариман Шихаљев.

Околностите и датумот на смртта на Гудков и неговите соборци  не беа прецизирани.

Украинските медиуми објавија дека Гудков бил „ликвидиран“, а според некои извори пласирани на каниалот  Телеграм, Гудков бил убиен заедно со уште 10 офицери во напад на украинските вооружени сили врз команден пункт во областа Коренева во близина на границата.

Серуската јавна организација на маринците „Тајфун“ соопшти дека на 2 јули украинските вооружени сили започнале ракетен напад врз командниот пункт на 155-та морнаричка бригада. Во Коренево, четири ракети го погодиле предниот команден пункт, при што загинале повеќе од 10 лица, вклучувајќи го Гудков и неколку високи офицери.

Генерал-мајор Михаил Гудков бил командант на 155-та Одделна гардиска морнаричка бригада на Тихоокеанската флота. Во март 2025 година, тој бил назначен на позицијата заменик-командант на руската морнарица. Рускиот претседател Владимир Путин го унапредил Гудков за време на состанокот со подморниците на нуклеарната подморница Архангелск. На Гудков му била доделена титулата Херој на Русија и Херој на брегот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот