Фото: МИА

Законските измени за работниците да работат 60 часа неделно за изградба на коридорите на собраниска комисија

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка денеска ќе се најде на собраниската Комисија за труд и социјална политика, откако вчера Собранието ја изгласа потребата за измени и дополнувања на осум закони за побрза изградба на коридорите 8 и 10д.

Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес за државата. Дополнително се воведува можноста за работа во недела како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.

Ако Собранието не ги донесе законските измени со кои ќе се овозможи работниците што ќе работат на автопатите да бидат работно ангажирани 60 часа во неделата, државата од буџетот на основ на отштета ќе треба еднократно да и исплати на американско – турската компанија „Бехтел и Енке“ 53 милиони евра народни пари за пенали.

Доколку не се исполни овој услов тоа ќе значи дека рокот за изведбата ќе треба да се продолжи најмалку за половина година.

Потретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тврди дека имал увид во договорот и вели дека доколку во рок од 45 дена од потпишувањето на истиот Владата не ги донесе законските измени ќе мора да плаќа пенали по три основи, државата еднократно ќе ѝ исплати на „Бехтел и енка“ 53 милиони евра, секој месец ќе доплаќа по дополнителни 1.265.000 евра на веќе постојните трошоци коишто треба да се платат во договорот, а на ова дополнително ќе треба да се платат уште 900.000 евра секој месец, тврди Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот