
Зајкова ја боли главата од предлозите и препукувањата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изрази разочараност од политичките препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, нагласувајќи дека е време за конструктивен дијалог наместо постојани несогласувања.
Препорачано
„Ме боли глава од тоа да слушам што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ предлагаат и од нивните меѓусебни препукувања. Еве сега ако едните решиле да го менуваат државниот грб, другите не го даваат државниот грб или не знам више што сè не. Мислам, аман веќе, доста е, дајте да седнеме да разговараме ако дојде веќе такво прашање на маса, сите да ги дадеме своите аргументи и решенија зошто сметаме дека нешто треба и конечно да донесеме нешто заедничко“, рече Зајкова.
Во врска со можната промена на државниот грб, Зајкова го образложи предлогот на нејзината партија рисот да биде претставен на новиот државен симбол.
„Зошто рисот? Затоа што рисот е прифатен национален државен симбол, ние го имаме веќе на нашите железни монети. Рисот, нели, потекнува од Шар Планина, тој е заштитено животно, имаше обид да се стави на националниот дрес на фудбалската репрезентација и тој е нешто што по никој основ не нè разединува и носи некоја свежина и не враќа назад во некое тежнеење кон некое минато“, рече претседателката на ЛДП.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5