Загорка Аврамовска: Детска фантазија во чинија за одличен апетит! (РЕЦЕПТИ)

Идејата за подготвување на креативни оброци за Загорка Аврамовска (сопственичка на печатницата „Артисан“) не дошла случајно. Размислувајќи да пронајде нешто што ќе ѝ го исполни времето поминато со 4-годишното синче Бојан, кога барем еден час ќе прават нешто поинакво од вообичаените активности во текот на денот, кои подразбираат цртање, читање, местење коцки и останати игри, одлучила двајцата да се испробаат во подготовка на оброците. И навистина замислата се покажала како одлично поминато време.

– Кога ќе го видите празно чинивчето сфаќате дека вредело што сте се вложиле, а впрочем и сте се забавувале заедно. Експресно изеден оброк без вклучен таблет или телевизија, патем раскажана една цела приказна која до вечер се повторува, а доколку е некоја нова тема, за него е уште позабавно, затоа што знаете, прашањата и потпрашањата на таа возраст немаат крај, па ќе слушнете нешто што во ист момент ќе ве засмее и замисли, како размислува детското мозоче – вели Загорка и ни објаснува што најчесто им служи како инспирација:

– Бидејќи нашите оброци станаа рутина, речиси секоја вечер додека читаме пред спиење ја договараме темата за следниот ден. Најчесто тоа е нешто што го видел во текот на денот, нешто за што сме разговарале, лик од книга, цртан филм, животно од Зоолошка, но понекогаш се некои невообичаени предмети и апарати од нашето секојдневие. Апаратот за притисок на дедо и баба, алатот на тато, правосмукалка, но исто така и нема нешто што не сме го реализирале, ако тоа веќе е желба и е договорено.

Јованче и Марика: Овој оброк се состои од: домашно приготвена пица со маслинки, рукола, доматни домашни салца, шунка, кашкавал, свежи печурки. За декорација на дрвото и за Јованче и Марика, користевме морков, рукола и магдонос.

Јованче и Марика

Последното снегче за оваа година: За овој оброк користевме печен мисиркин стек, варен ориз, црвена свежа пиперка, морков, кашкавал, парчиња тостиран леб и киви.

Последното снегче за оваа година

Ковид-19: Овој појадок беше за мама и Бојан и за него користевме ајвар, маслинка и кашкавал, домашно подготвен намаз од хумус, кисели краставички, киви и парче портокал.

Ковид-19

8 Март: Вообичаено утринските ужинки се состојат од овошје или свеж зеленчук, кои Бојан си ги грицка со особено задоволство и сласт. Користевме црвена пиперка, лист од марула, магдонос, млад кромид, краставичка и зрнца пченка.

8 Март

Зоки Поки: Галети од тиква декорирани со урма и аронија. Сè тоа беше подоцна покиснато во јогурт и изедено. За очите користевме кисели краставички кои служеа само за декор. И така, го создадовме ликот по кој е создаден „Зоки Поки“.

Ликот по кој е создаден Зоки Поки

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот