
Заев: Потврден составот на новата Влада која ќе има 19 министри и премиер
Лидерот на СДСМ вечерва по завршувањето на Централниот одбор на партијата ги претстави носителите на минситерски функции од оваа партија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– ЦО на СДСМ ја одржа 16 седница на која се донесоа важни одлуки за партијата и составот на новата влада. Членовите на ЦО донесоа одлука за усвојување на договорот за коалиција со ДУИ со кое е обезбедено парламентарно ммнозинство кое ќе ги реализра програмските цели. СДСМ и ДУИ ги изготвуваат партиските платформи за 4 годишниот мандат. Вложувањето во проекти важни за граѓаните продолжуваат и мерки за проекти како патишта, водоводи, депониии, гасификација, училишта, градинки итн. Транспарентност во судски реформи, прочитување на судство и потекло на имот на функционери. Владата ќе има 19 министри и премиер. Бројот на ресори е намален за 7 министри. Соочени со борбата со Ковид-19 ќе продолжат инвестициите во здравство. Владина определба е заштита на животната средина. Продолжување со имплементација на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија и Рамковниот договор. Овие принципи ќе ги реализираат одговорни кадри, посветени на интересите на граѓаните. ЦО ги прифати предложените кандидати, истакна Заев.
Тој ги наведе и новите министри од редовите на СДСМ: Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи Радмила Шекеринска – министерка за одбрана Венко Филипче – министер за здравство Мила Царовска – министерка за образование и наука Бојан Маричиќ – министер за правда Благој Бочварски – министер за транспорт и врски Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика Ирена Стефоска – министерка за култура. Земјоделието на БЕСА и локална самоуправа на ЛДП.
-Осум се министри со ресор од нив, плус се тројца потпретседатели на влада. Од 8 министри со ресор, 4 се жени, 4 мажи. Остануваме доследни во комплексни ситуации, сепак да испраќаме порака на еднаквост во нашата земја. Согласно дневиот ред, донесена е и одлука за одржување на Конгрес по изборите, 25 конгрес ќе биде на крајот на септември или почеток на октомври во зависност од корона кризата. Утврден е бројот на делегати на конгресот и роковник за избор на делегати за мандатен период септември 2020, септември 2024 година. Избран е нов претседавач, а тоа е Сања Лукаревска. СДСМ констатираше дека победија исправните политики кои земјата ја носат напред, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.