
Заборавените банкарски сметки во Германија кријат милијарди евра
Во германските банки има дури 4,2 милијарди евра на сметки кои не му припаѓаат никому, односно на таканаречените неактивни или заборавени сметки, чии сопственици повеќе не се живи или чии наследници никогаш не биле регистрирани.
Препорачано
Станува збор за банкарски сметки чии сопственици не биле контактирани со децении, ниту пак оставиле трага во некакви документи. Доколку банката не успее да го стапи во контакт со сопственикот или наследникот, сметките се сметаат за заборавени.
Како по правило, таквата сметка се затвора по 30 години, но ако сопственикот или наследникот се појави дури и по 45 години – банката е должна да ги исплати парите.
Во извештајот нарачан од германското Министерство за образование и истражување, се наведува дека дел од овие средства може да доаѓаат од сомнителни извори – како што се црниот пазар или трговијата со дрога.
И додека банките не сакаат да коментираат на оваа тема, Германија планира дел од средствата од неактивните сметки да ги пренасочи кон таканаречениот револвинг фонд. На овој начин, парите би се користеле за социјални потреби.
Поради сето ова, банкарските експерти, како што наведуваат медиумите им укажуваат на клиентите дека е најдобро навреме да се осигурат дека нивните средства имаат јасно евидентирани наследници. Во спротивно и понатаму ќе се случува милионски суми засекогаш да останат без сопственици.