
За време на прекинот на огнот во Појасот Газа пристигнаа 248 камиони со хуманитарна помош
Агенцијата на Обединети нации за хуманитарна координација (ОЦХА) соопшти дека од стапувањето во сила на примирјето помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пристигнале 248 камиони со хуманитарна помош.
Препорачано
Според ОЦХА 61 камиони со медицински материјали, храна и вода се доставени во северниот дел на палестинската енклава, а во болницата Ал Шифа доставени се 11 амбулантни возила и три автобуси.
Вчера на вториот ден од привременото примирје Хамас ослободи вкупно 17 заложници, од кои 13 Израелци и четворица Тајланѓани, додека Израел ослободија 39 палестински затвореници од кои шест жени и 33 деца до 19 години.
За денеска е најавено дека Хамас ќе ослободи уште 13 заложници.
Договорот за четиридневното примирје предвидува ослободување на најмалку 50 од вкупно околу 240 заложници на 150 Палестинци од израелските затвори.
Четиридневното примирје, постигнато со посредство на Катар, Египет и САД предвидува „целосен прекин на огнот без напади од воздух или земја“ и небо без беспилотни летала за „да се овозможи ослободувањето на заложниците во безбедна средина“.
Договорот, исто така, има за цел да обезбеди дополнителна помош за 2,4 милиони жители на Појасот Газа, кои се соочуваат со недостиг на основни добра откако Израел ја заостри опсадата на енклавата.
Над 50 камиони се наменети за северниот дел на Појасот Газа, вклучително и за области кои не се евакуирани, со одобрение на Израел.
Израел најави дека ќе ја продолжи својата воена офанзива откако ќе заврши примирјето. Израелската војска проценува дека Хамас киднапирал околу 240 луѓе во напад врз израелска територија на 7 октомври.