Фото Архива

За време на летната сезона, бродските компании во Грција воведуваат попусти за користење на траекти

Попусти за одредени категории и попусти во конкретни денови од седмицата, меѓу другото, воведуваат дел од бродските компании во Грција, по средбата што ја имаа со владини претставници поради високите цени на билетите за траекти.

Намалените цени и попустите се во зависност од политиката што ја следи секоја од компаниите и се однесуваат или на одредени линии или на одредени категории.

Па така, дел од компаниите нудат попуст од 20 до 30 отсто за повеќечлени семејства или групи од три до пет лица со автомобил, други пак воведуваат ден од седмицата, кога билетите се поевтини, но само за одредени острови.

Во изминатиот период високите цени на траектите, драстично зголемени во споредба со лани, беа една од главните теми во Грција, па затоа на почетокот на неделава беше одржан и затворен состанок во премиерската палата.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека на одржаниот состанок имало конкретни разговори кои резултирале компаниите постепено да соопштуваат попусти и истакна дека се стремат кон она што е најдобро за грчките граѓани.

На прашањето, дали попустите се однесуваат само на грчките граѓани или ќе ги опфатат и туристите, Маринакис рече дека конкретните иницијативи ги соопштуваат самите компании, а Владата ги следи најавите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!