Илустрација банкомат / Фото Архива

За одмор во Грција не носете кеш, подигнувањето готовина од банкомат е целосно бесплатно

Грција ги забранува провизиите и сега подигнувањето готовина од банкомат е целосно бесплатно. Сите корисници на картички можат да го видат салдото на својата сметка бесплатно. Одлуката стапи на сила од вчера. Станува збор за нова регулатива на грчкото Министерство за финансии, со која целосно се забранува наплата на провизии за подигнување готовина на банкомати на грчки банки.

Досега, секој клиент кој подигнуваше готовина од банкомат на банка различна од неговиот провајдер плаќаше дополнителна такса. Во исто време, воведена е национална граница за плаќање од 1,50 евра за подигање готовина од банкомати на трети страни, како што се оние што се наоѓаат во туристички области и не припаѓаат на одредена банка- објави Блиц.рс.

Што значи новиот закон за банкомати во Грција? Нула провизии за подигање готовина помеѓу сите банки што учествуваат во меѓубанкарскиот систем DIAS и нула провизии и за банкомати на трети страни во општини каде што има само еден банкомат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот