Владимир Путин во Калининград/ Фото: Gavriil Grigorov / Sputnik / Profimedia

За нов генерален директор на руската државна новинска агенција ТАСС е назначен поранешниот портпарол на Путин

Поранешниот портпарол на Владимир Путин во предизборната кампања е именуван за генерален директор на руската државна новинска агенција ТАСС.

Во соопштението се наведува дека Кремљ го назначил Андреј Кондрашов за генерален директор на ТАСС. Претходниот генерален директор Сергеј Михаилов денеска ја напушти функцијата. Според едни информации Михаилов добил отказ, додека според други дека доброволно дал оставка. Михајлов беше директор на ТАСС од 2012 година.

Кремљ ја зајакна контролата врз медиумите од почетокот на војната во Украина, а голем број независни весници мораа да бидат затворени, а нивните новинари да бидат етикетирани како „странски агенти“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!