За дополнителниот ангажман на вработените, СОБ бара парична награда од 10 илјади денари за три месеци

Парична награда од 10 илјади денари за март, април и мај годинава за секој месец за придонесот и дополнителниот ангажман на вработените во МО и припадниците на Армијата за надминување на состојбата со Ковид – 19, побара на денешната прес-конфренција Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ).

Претседателот на Синдикатот Ристо Ајтов информира дека голем број армиски припадници се заболени од коронавирусот, а поголем број се и во самоизолација. За ваквата сосотјба, подвлече, е се одговорни МО и Армијата.

Тој потсети дека припадниците на Армијата беа ангажирани  при заштита на жариштата во општините низ државата, патролирање и одржување ред во населените места, обезбедување на објектите од витално значење како што се Претседателот, Владата и Собранието, контрола на почитување на заштитните мерки донесени од Владата, заштита на КПУ, контрола и надзор на државната граница, заштита на хотелите во кои претстојуваат лицата во државен карантин, поддршка на локалната самоуправа и другите институции во севкупниот напор за спречување на пандемијата и отстранување на последиците од неа.

Од Синдикатот искажаа револт за, како што посочија, лошите услови за работа и непочитување и намалување на правата од работен однос на вработени во МО и АРМ.

– Цели касарни немаат вода за пиење, а зимскиот период нема греење, санитарните јазли во голем дел се во очајна состојба, голем дел од техниката и превозните средства се нуепотрбливи, евидентен е недостатокот на опрема, униформа, чизми и ХТЗ опрема. Личната опрема е во фаза на распаѓање, се уште има неквалитетна исхрана и недостаток на намирници, рече Ајтов.

Ваквата состојба, според Ајтов, особено со санитарните јазли се добра подлога за појава на нова епидемија која може да ја преполови и бројната состојба на Армијата, а со тоа, како што рече, да се загрози и безбедносната состојба на државата.

– Не се исплаќаат надоместоци на плата подолг период за празник, неделен одмор, работа во смени, ноќна работа и прекувремена работа, изјави меѓу другото Ајтов.

За ваквата состојба ја обвини министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот тим.

Синдикатот на одбраната и безбедноста денеска го проморива слоганот „Секогаш подготвени за граѓаните и за граѓаните”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот