За да имаат удобен живот на Американците треба да заработат барем 100 илјади долари годишно

Цените во Америка се високи и би можеле да бидат уште повисоки поради царинската политика на претседателот на оваа земја, Доналд Трамп. Со оглед на ова, многу Американци тврдат дека им е потребна финансиска поддршка. Имено, истражувањето на финансиската компанија Банкрејт покажа дека 45 проценти од возрасните во Соединетите Американски Држави веруваат дека треба да заработат 100.000 долари или повеќе годишно за да се чувствуваат финансиски сигурни.

Понатаму, 26 проценти веруваат дека им се потребни 150.000 долари или повеќе, додека 16 проценти веруваат дека им се потребни повеќе од 200.000 долари. За споредба, според последната проценка на Бирото за попис на САД, просечниот приход на американските домаќинства во 2023 година изнесувал 80.000 долари.

Бројот на оние кои рекле дека не се чувствуваат целосно финансиски удобно се зголемил на 77 проценти оваа година, што е за два проценти повеќе од минатата година, или за пет проценти повеќе од 2023 година. Повеќе од 2.200 испитаници учествувале во споменатата анкета, објавува ЦНБЦ, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот