За 3 години реализирани капитални инцестиции во реконструкции и инфраструктура во повеќе од 30 здравствени установи

Во изминатите 3 години Министерството за здравство интензивно работеше на подобрување на условите во јавно здравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници. Реализирани се капитални инцестиции во реконструкции и инфраструктура во 32 здравствени установи ширум земјата.

Со планот беа опфатени: Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Клиниката за дигестивна хирургија, за хематологија, за пластична и реконструктивна хирургија, за неврохирургија, за ендокринологија, за психијатрија, за торакална и васкуларна хирургија, за очни болести, гинеколошко акушерската клиника, Заводот за слух, говор и глас, за детски болести, Институтот за трансфузиона медицина, Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок, Поликлиниката Железара, како и болничкиот оддел на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Реновирани се двете гинеколошки операциони сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Во Здравствениот дом во Велес, Битола и Македонски Брод целосно се обновени Службите за итна медицинска помош.

Во 2019 година, отворен е новиот Ургентен центар во Куманово, новиот Кардиоваскуларен центар во Градската општа болница „8 Септември“, нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар во Охрид, како  и новото одделение за акутни состојби во Психијатриската болница-Негорци. Изграден е и нов машки павилјон во Психијатриската болница во Демир Хисар.

Во три јавно-здравствени установи, во Општата болница во Куманово, Клиниката за гинекологија и акушерство и во Клиничката болница Тетово се отворија три центри за упатување на жртви од сексуално насилство, како и шест Роса школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид.

Во поликлиниките „Чаир“ и „Ѓорче Петров“, вакциналните пунктови се комплетно реновирани.

Завршена е првата фаза од реконструкцијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и изградено е ново крило во Општата болница во Струмица.

Во 2019 година се отвори „Родителска куќа“, наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница, а не живеат во Скопје.

Здравството е еден од клучите столбови во државата. Корона кризата само го потврди тоа. Инвестициите во сите сегменти во здравството се највиоск приоритет за градење на одржлив и квалитетен здравствен систем за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот