
За 27,5 милиони долари: Куќата од филмот „Ѓаволот носи Прада“ продадена на анонимен купувач
Во познатата њујоршка населба се наоѓа луксузната куќа во која се снимаше филмот „Ѓаволот носи Прада“ (The Devil Wears Prada), каде што живееше уредничката Миранда Пристли, лик што го толкуваше Мерил Стрип. Куќата е продадена за 27,5 милиони долари.
Препорачано
Станува збор за една од најголемите семејни вили кои се дел од „златниот период“ на њујоршката историја. Се наоѓа на Менхетен, а изградена е во 1906 година според проект на архитектот Стенфорд Вајт. Била реновирана во 2005 година.

Вилата каде што се снимаше филмот е дел од градска куќа, изградена од мермер и други материјали (варовник), се простира на површина од 1.200 квадратни метри, а широка е 22 метра. Има седум спални соби, четири тераси и шест ката. Во рамки на куќата има различни културни и спортски содржини.
Свечената галерија е украсена со мермерен камин и лустер од муранско стакло, потоа озлогласениот ходник низ кој помина Ен Хатавеј, која во филмот ја глумеше асистентката на Миранда. Спиралните скалила се покриени со тепих, подовите се мермерни, а расветата го задржала стилот од триесеттите години на минатиот век.

Една од големите дневни соби, салонски уредена, има свој балкон во стилот на оној од Верона, каде што стоела Јулија, а тука се и камин и масивен гардеробер.
Бањата исто така е раскошна, со голема када, прилагоден тоалет и големи прозорци. Купувачот на оваа семејна вила сакал да остане анонимен.
По речиси 20 години: Пристигнува второто продолжение на легендарниот филм „Ѓаволот носи Прада“