Фотографија МИА

За 24 часа во ЦУК имало 1837 повици, најмногу за полицијата

Во последното деноноќие имало вкупно 1 837 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, и вкупно седум пожари на отворено и сите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК посочуваат дека од овие повици, „реални“ биле 62,60 проценти, додека 37,40 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 65,83 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 24,45 проценти, a кон пожарникарите 4,71 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во текот на вчерашниот ден имало седум пожари на отворено, сите се изгаснати од пожарникарите и утрово активни нема.

Пожарите на отворено беа во општините Бутел, на улица „Александар Урдаревски“ (ѓубре), Гази Баба, покрај улицата „Зендел Џемаили“ (ѓубре), меѓу општините Бутел и Шуто Оризари, покрај улицата 2 Визбегово (ѓубре), Прилеп, кај селото Ерековци и во атарото на селото Канатларц (ниска вегетација и стрниште), Струмица, кај селото Дабиле (депонија, ниска вегетација и стрниште), Василево, покрај регионалниот пат Струмица – Радовиш (ниска вегетација) и во Општина Чешиново – Облешево, кај селото Жиганци (ниска вегетација) – информираат од ЦУК.

Како што појаснуваат од ЦУК, пожарот на отворен простор на запалена ниска вегетација покрај регионален пат Струмица – Радовиш во близина на село Василево во општина Василево, бил гаснет речиси во текот на целиот денсо вкупно седум пожарникари, едно ПП возило и едно теренско возило. Пред неговото целосно гаснење, околу 22.00 беше сопрен сообраќајот во двата правца на дел од регионалниот пат и имаше пренасочување на сообраќајот на таа делница по стариот паралелен пат.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи, се вели во соопштението на ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот