Фото: РТС/принтскрин

Вучиќ со реакции до Рубин: Не е вистина дека сме центар за руски дезинформации

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека сака да премолчи и да не одговара на изјавите на специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, за да не и се наметне дополнителен товар врз грбот на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– За време на посетата на Подгорица, Рубин рече дека очекува Црна Гора да не се потпира на Белград и на Москва и во неколку наврати зборуваше за Белград како за центар за руски дезинформации. Ова не е ни блиску до вистината, но тоа говори дека некои луѓе во американската администрација се потпираат на времето од деведесеттите кога „ведреа и облачеа“ и го имаат истиот анимозитет кон Србија и нашиот народ, рече Вучиќ во заедничкото обраќање со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Според неговите зборови, Србија ќе се обиде да води политика на пријателство кон Америка и кон сите други.

Но, ние нема, како што некои трескавично брзаат во конфликт со Кинезите, Русите и другите, ние нема да учествуваме во таа врска, не ни паѓа на памет, нагласи Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот