Вучиќ: Неопходно е формирање на регионален пазар на извори на енергија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека е неопходно да се почне со формирање на регионален пазар на извори на енергија, за да можат земјите од Балканот да си помагаат меѓусебно, имајќи предвид дека сите имаат различни можности и капацитети во тоа област.

„Со сите проблеми со кои се соочуваме, ќе одиме со формирање регионален пазар и ќе си помагаме. Затоа што немаме сите сè. Имаме различни можности и капацитети и можеме само заедно да ја обезбедиме иднината“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција по повод регионалната конференција „Можности за инвестирање во обновливи извори на енергија во Западен Балкан”.

Тој рече дека енергетиката е прашање од суштинско значење, не само краткорочно, туку и долгорочно.

„Ова прашање не е важно само за оваа, туку и за зимите што допрва доаѓаат. Затоа што прашање е како ќе заврши војната (во Украина). Очекуваме големи и тешки реформи и во нашите јавни претпријатија. Ќе ни требаат тешки реформи во енергетскиот сектор, какви што беа потребни во економскиот и фискалниот сектор во 2014 година“, рече тој.

Вучиќ рече дека Србија се соочува со големи проблеми не само во диверзификацијата на изворите на енергија, туку и со старомоден пристап и стара технологија како што се термоелектраните, и дека не е во позиција да ги зголеми обновливите извори на енергија.

Според него потребно е огромно ниво на инвестиции во областа на енергетиката во Србија и дека тие се движат од 17 до 32 милијарди евра во наредните години.

„Ова е неопходно за да можеме да преживееме во годините што следат, да имаме доволно гас, струја и нафта и се друго што ни е потребно за индустријата и домаќинствата. Ова ќе биде и причина за нов раст“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија предупреди дека во сите земји од регионот во последните 30 години има малку инвестиции во нови енергетски капацитети и дека е неопходно тоа ниво на инвестиции да се зголеми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот