фото: Македонска Џиу Џица Федерација

Второ злато за Македонија: Зоран Колевски е новиот балкански шампион во џиу – џица

Вториот ден од Балканското Опен првенство во Атина, Грција, донесе и нови возбудувања и голема радост. Македонскиот репрезентативец Зоран Колевски во конкуренција од 15 борци стана балкански шампион.

Колевски (У21) во категоријата до 62 кг. на стартот запиша победа над Алекс Гундерсон од Швајцарија (50-0).

Потоа, нашиот натпреварувач со 11:4 го совлада Романецот Андреи Кристиан Стан, па со 50-0 го елиминираше Константинос Баласкас од Грција.

И во финалето за златниот медал Колевски со 50-0 славеше против Алфонсо Вазкез Рамос од Шпанија.

Македонската џиу – џица Федерација му честита на Зоран Колевски за овој одличен успех со желби за уште поголеми победи и успеси.

Претходно нашата земја се закити со уште едно злато, во женска конкуренција балканската титула ја одбрани Катерина Ацевска.

Катерина Ацевска ја одбрани титулата балкански шампион во џиу – џица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот