
Вториот полицаец на Норфoлк разрешен бидејќи поддржал убиец на демонстранти
Полицаецот Вилијам Кели лани во септември испратил анонимна порака со донација за Кејл Ритенхаус, кој лани за време на протестите против расизмот во Кеноша, Висконсин, со автоматско оружје уби две лица кои протестираа против расизмот во САД. Ритенхаус тогаш имаше 17 години.
Препорачано
Онлајн донацијата на полицаецот од 25 долари е придружена со порака зо поддршка на Ритенхаус. „Не направи нишно лошо. Сите полицајци те поддржуваат. Не се обесхрабрувај од постапките на политичката класа на лидерите на безбедносните сили”, стои во пораката.
Иако испратени аноимно, весникот Гардијан доби увид во база на податоци од кои се дознава кој испраќал донации за Ритенхоус. Многу од нив доаѓале од полицајци во служба и политичари кои донирале пари за поддршка на обвинети кои го зеле законот во свои раце, убијци, преставници од екстремната десница и колеги полицајци обвинети за пукање во Афроамериканци.
Откако се дозна името на Кели, втор човек во полицијата во Норфолк, Вирџинија, интерна комисија открила дека тој ги нарушил политиките на градот и на полицијата и затоа било одлучено негово разрешување.
Отпуштањето на полицаецот доаѓа сосем кратко по објавената пресуда против екс полицаецот од Минеаполис, Дерек Шовин, за убиство на Џорџ Флојд, клучен настан кој се случи лани во мај и предизвика масовни протести во САД и подем на движењето против расизмот наречено „Црните животи се важни”.
Еден од тие протести се случи во Кеноша, Висконсин, откако полицијата лани во август пукаше во Афроамериканецот Џејкоб Блек. На овој протест Ритенхаус дојде од друг град како противник на движењето, се приклучи на антидемонстратски вооружени десничарски групи и во турканица стрелаше и уби две а повреди едно лице.
Пораката на Кели ги поттикна градските челници на Норфолк, важно воено пристаниште на САД, да посочат дека коментарите се против вредностите на градот, пишува Вашингтон пост.
-Наводната изјава и постапка од член на полицискиот оддел на Норфолк е аларматна и секако несоодветна на вредностите на нашиот град, се вели во изјавата на градоначалникот Кенет Купер Александар.
Малолетниот Ритенхаус, е обвинет за убиство и обид за убиство, но од лани во ноември се брани од слобода откако за него беше платен залог во висина од два милиони долари.
Тој стана еден вид на симол на десничарските групи во САД, поддржан од многу конзервативни личности. Ритенхаус е забележан во барови како се дружи со припадници на екстремната десница од групата „Горди момчиња”, со кои тој се фотографирал со симболи на омраза, пишува весникот.
Тој е поддржан и од групите кои се борат за слободна употреба на оружје, конзервативни политички коментатори и лидери, како и од поранешниот претседател Доналд Трамп, сите коментираат дека тој пукал во самоодбрана.