Таксин Шинаватра / Фото EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Врховниот суд на Тајланд го осуди Таксин Шинаватра на една година затвор

Врховниот суд на Тајланд денес пресуди дека поранешниот премиер и милијардер Таксин Шинаватра мора да отслужи една година затвор.

Полицијата ќе го притвори Таксин, според Ројтерс, додавајќи дека пресудата е удар врз влијателното семејство кое со години доминира на политичката сцена во Тајланд.

Таксин Шинаватра беше 23-ти премиер на Тајланд, а неговиот мандат траеше од февруари 2001 до септември 2006 година, кога воената хунта го замени со државен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот