Коалиција „Вреди“

Вреди: Еден месец од извештајот на ДЗР, Обвинителството сѐ уште молчи за сомнителните трошења во МНР

Коалицијата Вреди реагира дека помина еден месец од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Министерството за надворешни работи во време кога министер беше Бујар Османи, а Јавното обвинителство и судските институции сѐ уште немаат преземено никакви конкретни мерки.

Во соопштението се посочува дека ревизорите утврдиле неправилности во трошењето на над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) за организацијата на ОБСЕ-самитот во Скопје – без соодветна документација, без евиденција за испорачаните стоки и услуги и без трајна опрема што требало да остане во државна сопственост.

„Ова отвора сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреба на јавни средства“, наведуваат од Коалицијата.

Оттаму потсетуваат дека и додека Османи бил министер за здравство, добил негативен извештај од ДЗР со слични забелешки, но без последици.

„Судството и обвинителството молчат. Ако беше било кој друг граѓанин, ќе одговараше и за сообраќајна казна. Но за Бујар Османи изгледа важат други правила“, се вели во соопштението, со обвинување дека Османи е „под нечија заштита“ и дека институциите го амнестираат втор пат.

Вреди потсетува дека Јавното обвинителство има законска обврска да отвори постапка по негативен извештај на ДЗР, и најавува дека ќе продолжи да бара одговорност до крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот