Илустрација / Фото: Maksim Korobskyi / Alamy / Alamy / Profimedia

Вреди 30.000 фунти: Со помош на стар детектор за метал ja открил најголемата грутка злато во Англија

Ричард Брок, кој 35 години е аматерски ископuвач на злато, во ридовите Шропшир ја пронајде најголемата грутка злато во Англија, тешка 64,8 грама, а вредна 30.000 фунти.

Брок, пензиониран снимател, ја открил грутката злато откако задоцнил еден час на групна експедиција за лов на богатство во Шропшир, пребарувајќи ја земјата со детектор за метал, пишува „Тајмс“.

Како што се наведува, оваа златна грутка го срушила и рекордот, бидејќи претходната пронајдена во Англија тежела 54 грама.

„Пристигнав околу еден час подоцна, мислејќи дека ја пропуштив акцијата. Сите таму имаа модерна опрема, а јас си играв со три стари машини, но едната веднаш го лоцираше предметот во земјата“, рекол тој.

Грутката со злато била откриена само 20 минути откако ја започнал потрагата. Откриена е на просторот се верува дека била стара железничка линија до Велс, за која се знае дека е богата со злато.

Исто така, се додава дека златото некогаш било ископувано во блиската област во северозападниот дел на Шропшир. Аукцијата за пронајдената грутка ќе се одржи следниот месец, а аукционерите очекуваат голем интерес. Се наведува и дека Брок планира заработката да ја подели со сопственикот на земјиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот