Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Вработените во „Паркови и зеленило“ ќе земаат плати повисоки за 4900 до 6200 денари

Платата на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ се зголемува од 4900 до 6200 денари, додека вработените од „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми-ќерки на ова јавно претпријатие, сѐ уште се без плата.

Како што информираат од Сојузот на синдикати на Македонија, по барање на синдикатот СУТКОЗ, Управниот одбор на јавното претпријатие на седницата одржана на 23 јули годинава донел одлука со која во новиот правилник за плати е применет Општиот колективен договор за јавен сектор со што работниците добиваат коефициенти на сложеност за своите работни место согласно кои платата, започнувајќи со исплатата на јунската плата, ќе им биде зголемена од 4.900 до 6.200 денари.

Ваквото зголемување на платите е како резултат на активностите на синдикатот СУТКОЗ кој во изминатиот период работеше за работниците, преговараше, поднесуваше пријави, организираше протести, кои го дадоа посакуваниот резултат и со прифаќањето на предлогот на СУТКОЗ за пресметка на платите по методологијата просечна плата по коефициент на сложеност на работните места, платите се зголемуваат, велат од ССМ.

Оттаму додаваат дека и покрај донесената одлука од Управниот одбор на „Паркови и зеленило“, вработените во „Флораком“ и „Луна“ сѐ уште немаат добиено плата иако било ветено дека тоа ќе се случи во исто време со вработените од јавното претпријатие. Поради тоа, СУТКОЗ и вработените во овие две претпријатија деновиве ќе решат околу идните чекори за протест и евентуален штрајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот