Дрисла / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Вработените во „Дрисла“ под лупа на полицијата заради пожарите

Полицијата одзела документација од Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ и извршила разговори со вработените, откако во неа избувна пожар, од кој што се уште има чадење.

-По претходно одземена документација во Дрисла од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Дрисла извршија службени разговори со вработените. Проверките продолжуваат и понатаму, информираат за МИА од полицијата.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува денеска да биде затрупан делот од депонијата „Дрисла“, каде по пожарот се уште има чадење. Ангажирана е побројна механизација (багери, булдожери, камиони), кои го чистат и пробиваат местото каде се случува чадењето.

Депонијата Вардариште во овој момент е стабилна, нема никакво горење, но дополнително се работи на затрупување на местото каде изминатите денови чадеше.

ВИДЕО | Со засилена механизација се работи на затрупување на изворот на чад во „Дрисла“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот