СВР Тетово / СП. архива

Вработен во тетовската полиција фалсификувал документ и потписи на шефовите

Документарист вработен во СВР Тетово изработил лажен документ, на кој му ставил фалсификувани потписи, по што тој бил употребен во судски процес за оставинска постапка во Кичево, соопшти МВР.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Д.М. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.М., во текот на март 2023 година како документарист во Полициската станица Тетово изготвил службен акт – Известување адресирано до адвокат со невистинита содржина, кој не евидирал како таков во ниту една службена евиденција на СВР Тетово, го злоупотребил потписот од раководителот на полициската станица, регистарскиот број на актот и процедурите за примање, постапување и достава на службен акт во постапка за проверка на достапност. Таквиот акт со невистинита содржина бил употребен во оставинска постапка каде бил евидентиран како доказен материјал на штета физички лица и правно лице од Кичево“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот