фото: принтскрин/youtube.com/@nycmario

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Талентиран возач на Формула го загуби животот на патеката Спа во Белгија

Младиот и талентиран возач Дилано ван Хофт (18) го загуби животот на патеката Спа-Франкошамп во Белгија во рамките на таканаречениот „Регионален европски шампионат во Формула“ под покровителство на Алипа, соопштено е во пресрет на Формула 1 спринт трката во Австрија.

Со едноминутно молчење беа испратени пораки со сочувство до семејството на младиот Холанѓанец, а се појави и видео на кое се гледа како Дилано го загуби животот.

Сè се случи поради катастрофалните услови на патеката во Белгија, една од најпредизвикувачките во мотоспортот, кога Вант Хофт најпрво ја загуби контролата над возилото и остана на средината на патеката, за потоа да го удри возач во друг болид на максимална брзина и целосно го уништи возилото.

Младиот возач роден во 2004 година загина на тој начин во судир во кој учествуваа дури пет возачи (Џошуа Дуфек, Адам Фицџералд, Енцо Скијонти и Тим Трамник), при што двајца беа повредени.

Во 2019 година, на сличен начин на ова место животот го загуби еден возач на Формула 2, Антоан Умер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот