Автомобил влета во толпа навивачи во Барселона / Фото: „Икс“ / скриншот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Стравотни сцени во Барселона – автомобил покоси десетици навивачи

Ужасен инцидент се случи во Барселона денеска, пред фудбалското градско дерби во каталонскиот град, кога автомобил влета во група навивачи на Еспањол и ги покоси, пред очите на полициски специјалци кои излегоа на улиците да го чуваат редот.

На вознемирувачките видеа објавени на социјалните мрежи се забележани моментите кога автомобилот, опкружен со навивачите кои, очигледно незадоволни од тоа што возачот се обидува да се пробие низ нив, фрлаат со шишиња и секакви предмети кон колата. Тогаш, возачот одеднаш тргна напред со голема брзина, газејќи преку луѓето.

Автомобил влета во толпа навивачи во Барселона / Фото: „Икс“ / скриншот

Откако автомобилот запре стотина метри подалеку, десетици полицајци во полна опремаа мораа да ги спречуваат навивачите на Еспањол да го линчуваат возачот.

Според информациите од полицијата, повредени се петнаесетина навивачи, од кои четворица биле пренесени во болница, но немаат повреди опасни по животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот