ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маж се самозапали пред зградата на Владата на Белорусија

Триесет и пет годишен маж истури течност и се самозапали пред зградата на Владата во центарот на Минск, во близина на споменикот на лидерот на Октомвриската револуција, Владимир Илич Ленин.

Мажот се наоѓа в болница, откако минувачи и полицајци го изгаснаа огнот користејќи противпожарен апарат, соопшти полицијата.

Засега не е познат неговиот мотив за таквиот потег.

Од претседателските избори на 9 август, во Белорусија се идржуваат протести на опозицијата, чии учесници тврдат дека гласањето било фалсификувано во корист на шефот на државата Александар Лукашенко.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот