Убиениот украински преговарач Денис Кирејев/Фото: Твитер

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Кружат фотографии од убиениот украински преговарач, Денис е застрелан во глава

На социјалните мрежи кружат фотографии од убиениот украински преговарач Денис Кирејев кој наводно бил убиен додека се спротивставувал при апсењето, а бил осомничен за велепредавство.

Според различни извори тој бил застрелан од украинската тајна служба која го сомничела дека е руски шпион.

Убиството се случило близу судот Печерск во Киев.

Се шират сомневања дека е погрешно осомничен за соработка со руските служби и дека бил киднапиран, мачен, а потоа застрелан во глава.

Според други извори Кирејев, заедно со уште двајца разузнавачи од украинската разузнавачка служба биле убиени во текот на извршување задачи.

 

Денис бил сопруг и татко на три деца.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот